тргнува (гл.) - на (предл.)

Едно утро тргнувајќи на работа, ја отворив влезната врата на мојот стан и пред вратата имаше што да видам: на чергичето пред вратата лежеа моите стари чевли, сосема искинати, тажни и жаловни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога јас ќе станев ти веќе тргнуваше на работа среден, дотеран во костум и вратоврска, со испиено прво утринско кафе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Митра седнува, карши неа Перса, а Чана, досетувајќи се, станува и тргнува на кај куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Задутре е први септември, тргнуваш на училиште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега облекуваше спортски чевли кога тргнуваше на прошетка зашто инаку, кога би носел чевли со цврсти ѓонови, би го следеле пците-скитници со своето лаење долж сиот пат, би се палеле светлата на прозорците од каде би се јавувале разни лица, и целата улица би била вчудовидена штом би видела едно- единствено лице што талка низ празната улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)