тресне (гл.) - на (предл.)

Големиот океански бран ме крена угоре како што се креваат големите мераци па ме тресна на дното каде што неизоставно завршуваат големите надежи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Натоварив сѐ и со олеснување се треснав на креветот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Асматичниот глас ме пофали и им заповеда на гардистире да ме одведат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но само што направи чекор - два, изгуби рамнотежа: како ќутук тресна на подот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Палјачото ѝ беше толку смешен на сенката што таа се засмеа, се заниша на гранката и тресна на земја како презреана дуња.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ме џапна. Треснав на грб.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)