тркала (гл.) - во (предл.)

И му заповедаше, удирајќи го со кундакот, Ајде сега, Божано, покажи како јава комита српски поп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И попот се тркалаше во дворот во правта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пишувањето ми доаѓа супер како последно прибежиште, како олеснување, правејќи нештата да се тркалаат во просторот лесно, забавно, брзо, полни со потенцијал.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Прво го гледаш како се тркала во водата како морско прасе, потоа го гледаш низ нишанот на пушката од хеликоптерот, потоа беше целиот издупчен и морето околу него поцрвене и тој потона ненадејно како низ дупките да се наполнил со вода; Публиката се дереше од смеење кога потона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пишувам “Ова е цената” и знам дека поминав нешто ужасно, се надевам дека сите сфатиле колку всушност бев храбра; силно го прегрнувам Адријан и се чувствувам вознемирена секој пат кога се одалечува од мене личејќи на Исус кој оди по вода.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во зракот на зениците каранфил две години расте, во дното на срцето, умира се раѓа, но сепак жигосано суштество во моминска песна завиткано ко месечина во облак молкум се тркала во душата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)