шета (гл.) - со (предл.)

Со едно чувство на „језа” го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Цел живот ги гледаш своите другари, соседи, пријатели, исправени и горди, како шетаат со своите соништа низ времето и туку одеднаш ќе забележиш, тие спокојни и чесни луѓе како клапнале, се подвиткале, се смалиле...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Леле, кој ќе го изеде сето ова? - со вистинска загриженост прошепна Денко, шетајќи со очите по поставените јадења.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Камбана што ѕвони во коските на селаните и в земи што шетаат со вили како огнени крстови кренати над небесата пеејќи: три Марии нагоре три меча – надолу...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Иако сето тоа ми беше покомплицирано си турав од топлата вода врз моето тело, шетав со сапунот по нежната кожа и си замислував дека тоа неговите раце ме милуваат насекаде.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гапка, стасита девојка, се шета со свежи коленици и образи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Гапка кај него ги чува клучевите од оставите и од подрумите; клучот од големиот сандак, што стои во неговата соба и од средишната остава Иван Иванович го носи со себе и не сака никого да пушта таму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури се изненади и се зачуди кога ја забележа мирната силуета на стражарот кој шета со одмерени чекори пред зградата на Банк Отоман.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Шеташе со својот поглед како да ја бараше проѕирката на спасот за да го закова во зелените очи на својата Срцка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Шеташ со чадор, на романтичниот дождец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од покривот шеташе со очите наоколу радосен како првпат да го гледа просторот што му се откриваше, измиен од дождот и блескав како при првиот ден од создавањето на светот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шета со очите и ја гледа прашината што рее низ воздухот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шета со погледот низ селото и гледа: си останало исто, си го задржало истиот изглед; има по некоја куќа нова или обновена, но не се раширило, си ја задржало онаа своја збиеност: од која куќа да викнеш, на другата ќе се чуе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не шеташе со очите по неа, не ѝ ласкаше, не ѝ се додворуваше и не се доближуваше до неа како што тоа обично се прави кон жена вака облечена и која се држи комотно и предизвикувачки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се покажувам и јас во собата и шетам со очите: на една кожна фотелја седи русокос мајор, на бирото полковник, а онака, настрана, уште еден мајор со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние уште си шетаме со зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко почнува да шета со очите по трпезата и го замалува вртењето на залакот во устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се наведнал крај една русокоса жена и, заедно со неа, се шета со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ти само молчиш, шеташ со погледот, препишуваш некој древен неосквернат ракопис на изчезнување.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: До вчера лежеше во затвор сега се шета со клучовите од затворот околу прст.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Шеташе со погледот од Туз-пазар па сѐ до мостот, но џигерот му гореше, така чувствуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)