Може да ги бара војниците што ги залажа ракијата од Илија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Огнот, таа преразиграна ноќна ѕверка, се склопчува со нив колку за миг, најверојатно за да ги залаже, со неочекувана силина да вивне, да се разигра, да ја досегне со врвот на јазикот, месечината и, недостижен и за човечка мисла, да се разгране горе, со неброени искри да го поздрави денот Илинден пред мугрите и поред птиците во тие мугри.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И со трчање се враќаш за да ги залажеш децата, да се залажиш себеси.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но ти знаеш какви се, вели Васил, секогаш првин пуштаат еден сам и од една страна, за да ги залажат луѓето, а потоа сите други зедно напаѓаат од друга страна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За тоа време, женката, кралицата, која одамна ги осознала сите финеси на Играта, сѐ уште ранливо ги залажува поданиците дека и е неопходна нивната заштита.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Харнад: Ова сценарио, како што сугерирав претходно, е чист СФ: Тоа е херменевтички ходник од огледала што ги залажуваат луѓето после премногу долго време потрошено на претолкувања на „виртуелни” системи коишто не можат да дадат отпор (Харнад 1990b).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Работниците не попуштија, режимот реши да попушти, ама привремено, додека ги залаже работниците, и реши да ги прими сосе козите, се разбира плашејќи се и од гладот кој веќе царуваше во градот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се разбира дека целото макло не беше полно со коски, па ни со тагарџици, та Сиве накоси трева за пет товари, а најде само еден тагарџик со пари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)