Ги запираше домаќинот, Стојо Батанџијата, ама тие рекоа дека агата е уморен од патот и нејќат да му додеваат вечерва, та од утре натаму имаат време, ќе поседат и повеќе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие ги запираат луѓето, ќе почнат да се тресат пред нив како мечка кога игра, мемолат, и не ги пуштаат дури не добијат динарче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Нејзината високо крената рака ги запираше возилата кога поминуваше улица и го покриваше додека спие.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
- Ми ги запираат очите, - рече таа.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Стискајќи ги забите, човекот сосила ги запираше солзите на лутината.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А сепак, морничавото волчешко завивање му ја замрзнуваше крвта во жилите, му ги запираше мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И штурците никако да тивнат: си свират, ништо не ги запира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со изградувањето на куќата, се стесни патот и низ него не можеше да се помине со кола; луѓето ги запираа колите пред неговата куќа и оттука понатаму товарот мораа да го префрлуваат на добици или на раце; тоа им дојде до нос на луѓето и бараа сокакот да го рашират, односно Бандо да си ја потсобере куќата, да ја зделне до некаде.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Двајца, беличот Блаже Задгорец и Богдан Преслапец, му пришле, другите чекале. Триесет и шесте запреги зад скршената кола биле беспомошни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Десно од патот се спуштала кон своја длабочина збрчкана стрмност, лево ги запирале грмушки и камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стискајќи ги забите, човекот на сила ги запираше солзите на лутината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
ЛУКОВ: (Ги запира со гласот и двајцата.) Фезлиев!
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Ми ги запираат очите, - рече таа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Може светецот ги запираше куршумите, ги изгаснуваше, им ја одземаше силата за потаму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Рипнува капетан Мирковиќ и ги запира војниците.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И на жените им паѓаат шамиите, скутините, им се расплетуваат косите, ама ништо не ги запира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)