ги (зам.) - помилува (гл.)

Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и ѝ викна на Митра: — Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грди се пајаците, лебарките; Понови времиња дојдоа- ги помилуваа- некои, но не можеа да ги сакаат; најпосле, си рекоа: па што ако- една, две бубачки в кревет;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Стапалата ти се голи жртвеници чија крв така ја крштеваше земјата што таа за возврат не можеше да не ги помилува;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Пророштвата не се за оние кои не веруваат, велеше Тој, и чекор по чекор им се доближуваше на остарените стебла, се поздравуваше со нив, и никој и не забележуваше како се разретчуваа честаците, та не остана ни гранка ни стеблика кои не ги помилува и со душа и со раце, и со кои не поразговара.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вера ги помилува двете деца по главичките.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ми раскажа дури и приказна за некој познат злосторник кој во момент на просветление се случувало да ги помилува сите свои жртви.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби ќе утврди до кого беше вината за тој неред и ќе ги ослободи. – Можеби – нема ни да се интересира – претполагаше поп Димитрија. – Просто како нов султан ќе им даде на сите затвореници една царска милост и со еден берат ќе ги помилува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да ѝ ги помилува образите и да ја бакне во големата уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)