Има мигови, значи,  кога нема што да се каже  па наместо тоа,  низ празната линија на телефонот,  го слушаме својот молк  кој јасно нè поучува:  исто како и небото -  дека и земјата врз себе ќе ја носиме...      * * *   Тој веќе му се радува на светиот оган  кој ги спепелува сите сеќавања,  ги осмислува сите бегства  и во прегратка со пламенот  постапно ги распознава сите  мисли и зборови кои кажуваа  дека има час во кој веќе ништо друго  не може да се случи - освен да се догори.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)