го (зам.) - подбуцнува (гл.)

А, да му цути устата на тој што нарачал! (Го подбуцнува Митрета). Убава работа било вака...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По бесењето на килавиот Јаков Иконописец (настанот никој не го споменувал, значи секој од нив по малку се чувствувал душман), на тој вчерашен мајстор на смртта, како да живеел во магли на каење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ДЕПА: Море, Митре, ти се чудам што толку си се задумал. Ами ние со (го подбуцнува Котета) ового...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Жена му, кучка, го подбуцнуваше. А сега - што стана? Тој в зандани, јас в болница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седел со пушка на коленици и наведнат, некако чудно и длабоко под превезот на свои тајни, што бездруго не можело а да не се поверува дека веќе и не сонува да ѝ стане чауш на дружината ако некогаш некој занес го подбуцнувал кон таква славољубивост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само кога ми кажа некако ме фати смеа, па го подбуцнував велејќи му дека го фатиле моите клетви.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Е, гледаш ли, а? - малку зајадливо го подбуцнува во ребрата дедо Димо доктор Коста, кој седи до него, понесен од општото расположение, разнежен како дете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас, се разбира, бев никој и ништо, една обична вообразена провинцијалка со гордост до небото, а шанкерот само повеќе се нервираше на моите изјави иако знаеше дека намерно го подбуцнувам неговиот западен менталитет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кочо погледа во девојчето. Тоа беше седнато до огниште, ја држеше тавата и го подбуцнуваше огнот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)