го (зам.) - помилува (гл.)

Трговецот тропна на вратата. Не му отвори никој.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откако влегоа во дворот, трговецот му даде на детето неколку мангари41), го помилува по косата и му рече: - Ти си јуначе!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ноќва, од пределите на детството, би стигнало нашето црвено ждребе, за да го помилувам и кршејќи залаци леб да го нахранам, за потоа одново да се разигра виштејќи и потскокнувајќи и своите тенки копитца натопувајќи ги во месечината и со нив ставајќи златен печат врз детството.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Те изневерило ли, а ти, дојде при него, го допре, го помилува и одвај по еден живот - го напушташ!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ветерот ќе ми го помилува лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тишината стануваше сè поголема и позлокобна кога таа го прегна со раката па така полека си ја повлече раката, и прстите што се повлекуваа треперејќи, му го помилува образот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само што сега можеше да си го помилува лицето и да се препознае себеси во добрина зашто само тоа остана од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сам и бесен, со згрчени прсти во густата топлина на утробата, барал што не споменал уште во своите пцости и споменувал одново, по еден друг ред, од небо и земја до ораница и куќа, и сѐ така во непрекинат круг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Зошто своето воле не го помилува со нож, Онисифоре?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Проклет да бидам, се спушти крај неговото постелче, видовме рака му стави на челото, нежно го помилува по осакатеното лице.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го помилува детето по острите перчиња на русата коса и излезе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дорчо мирно пасеше. Тој му пристапи го помилува по гривата и го бакна во муцката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче рече: „Грацио!“. „Боно бамбино!“ - го пофали војникот со брадичката, го помилува и му даде знак да си оди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пак го помилува Дорча, му го извади самарчето и го преврза да пасе на друго место.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еден италијански војник, со густа и црна брадичка му пристапи на Трајчета, го помилува по косата и рече: „Бамбино, бамбино!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Неправда за Праведникот Жената му порачува на мажот свој утрото на Велипеток: Не прави му ништо на тој праведник, оти денеска многу пострадав на сон, заради Него.33 Пилат не успева да ги убеди првосвештениците да го помилуваат Исус, детето кое сонува наместо Варава. Барабата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потем малку потрча крај него и го помилува.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога Александар слезе од коњот го помилува по главата.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Низ нашите очи се тркалаа крупни солзи. Мајка нежно нѐ погледа, го помилува најмалото братче по коси и продолжи: – Откако се смирив, убаво погледнав во визбата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)