го (зам.) - стомак (имн.)

На мир нека се развива. –шепотеше со нежен глас Невена, држејќи го стомакот со двете раце.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука го запира вдишувањето. Така, не дишејќи, го врти лицето право пред себе и тогаш пак полека и најнечујно издишува, прво празнејќи го стомакот, се додека сосема не го испразни градниот кош, додека стомакот не му се најде вовлечен во внатрешноста.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Директно, спроти пумпата, се наоѓаше „Потковица Авто Двор“, сопственост на Сам Сенд, со мали куќички што се граничеа со „Нахрани го стомакот“, сопственост на Бланш Рид, гостилница каде што сѐ уште се служат сендвичи со топол пржен стек, за само педесет центи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никола, го знаеше ли ти мојот отров, ја прокоруваше ли мојата глад? „Умирам, Мироне“, рече стискајќи го стомакот со лактови. „Умирам и гладен сум.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)