- Да има една убава вода, слатко би се напил! - рече.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И започнуваше една убава, необична игра. Детето галопираше со коњот, држејќи се за линијата на која морето се допира со копното.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Околу централното наречје треба да се групираат сите наши научни и литературни сили за да го очистат и да го обогатат со сокровиштата од другите македонски наречја и да создадат од него еден убав литературен јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Земете ги импресионистите Еден убав ден тие го собраа својот прибор и тргнаа да сликаат надвор. Гледаа како се руча на трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Мајка ти заслужува повеќе од еден убав ден, рече Дуко Вендија, иако добриот ден завршува како и добриот човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ГАЛЕНИЧЕ ПОЗНАВАМ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ, една мала Тања, една убава Тања, а со таа Тања децата не сакаат да си играат!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Еден убав ден, Зоки, мама, тато и баба, појдоа со автобус на крајот од градот за да посетат еден свој пријател.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Едни убави чорапи, прошарани со цветчиња и нагрлени со црвен поплит.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Среќа е еден убав збор, мисла која те допира оддалеку... копнеж кој те буди наутро...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)