А Мартин долго по ова се држеше на страна од сите деца во селото, зашто ретко кое да не начекаше момент и одненадеж да му викне:  - Јатак!
               
             
           
            
            
              „Луман арамијата“
               од Мето Јовановски 
              (1954)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Не метафори, не смисла, не цел и тајна... не таен клуч за поетиката, туку обично вратниче низ кое да се влезе во... себеси самиот.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)