кој (зам.) - неа (зам.)

Татко, слушајќи го Игор Лозински, имаше јасна претстава - до каде стигнуваше глупоста, односно заслепеноста на диктаторот, занесен од мислата, низ тоталното жртвување на своите поданици да го открие новиот ритам на својата Империја, со кој неа ќе ја спротивстави на побрзиот ритам на другата Империја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Слегоа од коњите, влегоа дома, го заиграа венецот, на кој момите ја пееја „Венче здравче“ и деверите ги зедоа венците на глава за да им ги носат на невестите, без кои не можат да се качат на коњот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Возејќи накај дома се обидуваше, како во некоја таблица, да ги подреди сите нешта кои неа би требало да ја чинат среќна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кај една тезга подзасанав зачудено за да се уверам дали е вистина тоа што го гледав: изнаредени крпи од искинати облека, кои дури ниту за крпи не можат да се употребуваат, испокинати чевли, па чадори, кои не можат да се употребуваат за ништо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)