Но, средба со Французинката немаше како за инает.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Трите тетки како да пловеа секаде низ дневниот простор и немав начин да ги сопрам, а покрај тоа, како воопшто и да не ме забележуваа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Погледнавте кон мене. Јас кимнав со глава, а вие продолживте како да не ме забележувате.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Значи, според она што го видов во просторијата каде што се втурнав неочекуван од никого не можев да откријам ништо повеќе од она што го наслутував: во канцеларијата беа сите тројца, и уште оној несреќник Грофот, за кого само ќе речам дека се стаписа кога ме виде токму мене и згора на тоа со револвер в рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Затоа излегував пешки... Ме нервираше тоа што не ме забележуваш, а не можев да поверувам дека си некое спи-пиле...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Секогаш сум влегувал со одважност, дури, богами, кога ќе влезев, не ни ги забележував поединечно. Не се трудев. Тие ме забележуваа. Тоа беше важно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не ме забележуваа. Ги оставив пред Проказник и Никифор Ганевски повторно да го раскажат настанот со попот Грк.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ти кажав. А ти - како што сакаш. Како поминавте во Лесново, што гореше?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)