ме (зам.) - прекори (гл.)

Малку понатаму се затскрив, како да сум отишла по нужда и ги соблеков пантоланите, ги истресов од калта, но водата беше густа од црвената земја, ги исфрлив опинците и чорапите, па така ги облеков пантоланите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Ја прежалевте мајка ти, нели? - низ солзи ме прекори тетка ми, како да знаеше дека е тоа најболно што можеше да ми го рече.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако умрам и го оставам цвеќето, си велев, Господ ќе ме укори, ќе ме прекори, ќе ме пизмат и темјанот и ангелите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме прекорија: Зошто толку пепел Зошто толку леден прав?
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Сега и тој ме прекорува што не им кажав за велосипедот, а тоа беше негова идеја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко внимателно го прочита расказот, благо ме прекори со глас на тивка човечка камбана, кој не престанува да одекнува во мене: „Сине, зошто без да знаеш дали Бог постои, ти го прогласуваш за мртов!”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ме виде комесарот ме прекори: Што си дошла само ти, женско во бригадата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не е фер, навистина не е фер!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сум ти рекла, - благо ме прекорува мама, - да не чекаш да те повикам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)