13. Кога сонувам јас не сум во кома  И сепак дослушнувам нешто од она што се зборува околу мене  А зборуваат луѓето сѐ и сешто  И понекогаш дури ми е непријатно
               
             
           
            
            
              „Сонот на коалата“
               од Ристо Лазаров 
              (2009)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Зората во моето поле  е како виолина напрегната  Ридовите молчаливо руменеат  како мислата на мене  а гулабите играат во синевината  како нашето чекање  Виолината го крие во росата  цвркотот на будењето  Тој е како твојот смев  набрекнат во младите гради  Сонцето заигра по жиците  и плисна млеко на музиката  по сонливата трева  Зората се кикоти и примира од смеа...
               
             
           
            
            
              „Дождови“
               од Матеја Матевски 
              (1956)