А добриот дедо Стамен си мислеше како да му угоди на своето мало палаво внуче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Трпи - трае, трпи - молчи, си поднесува на друг да му угоди, за неа на крај, ако нешто остане...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Чувствуваше дека со него пак се случува нешто, дека пак го обзема жал за татко му и чинеше сè да му угоди, да му мине кризата, да го испреболи веќе еднаш тоа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не знаеше како да му угоди и како да го нагости.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ќе се измори добриот дедо Спасе, ќе му се приспие но за да му угоди на внучето раскажува ли, раскажува...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Работите уште повеќе се влошуваат бидејќи целта на економските науки не е да им угодат на луѓето туку да му угодат на Неговото Величество – Профитот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Калија, за да му угоди, туку ќе се сневеселеше и почнуваше божем да му објаснува:
„Немој така, мајстор Миклош.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)