неа (зам.) - стои (гл.)

Пред неа стоеше белиот ангел со сини очи, со широка насмевка и подадени раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Предната врата од левата страна на комбето беше отворена и крај неа стоеја двајца униформирани полицајци кои повремено погледнуваа на другата страна од улицата, кон влезот на нашата зграда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема трепереше. Беше бледа, студена и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од едната страна на собата имаше една малечка мини-софа со везена прекривка во македонски народен стил, додека до неа стоеше подвижна масичка во ориентална форма.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во дното под неа стоеше наместен дебел трупец, се чинеше како челичните запци само што не се имаа вкопано во црвеникавата, искружена од годовите, целина на буковината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Очите ѝ беа полни со солзи кога сфати дека пред неа стои нејзината другарка Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со коритото не знам што се случи, ама штицата се уште е потпрена на кадата и врз неа стојат шампонот за коса, сунѓерите за капење, каменот за чистење пети на мајка ни...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко ми помина долготрајна фаза на закрепнување.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бенвениста погледнува во мажот, поминува со дланката по ракавот на новиот костум и му проговорува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зад неа стои брат му Рафаил Давидовиќ дојден оддалеку, од преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Истрча на балкон и виде: - долу, во длабочина, три ката под неа стоеше еден човек, а на рамо држеше плиток сандак преполнет со прекрасни, шарени темјанушки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Речиси така некако и се најде во станот на Сандра, но нејзината спална каде што таа лежеше на креветот со поткрената глава на две перници, а над неа стоеја, некако празнично облечени, нејзините две сестри и братот, татко ѝ и мајка ѝ која, всушност, му отвори да влезе, како што сега наеднаш се присети на тоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)