неа (зам.) - треба (гл.)

Треба некои некаде да кажат дека државните пари не треба да се трошат за слепа имитација, како она со бугарскиот „Лувр“, на пример.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Интересите на целината треба да се еднакво скапи за сите членови што ја составуваат: од неа треба да имаат сите еднакви згоди и во нејзина полза сите треба да прават еднакви жртви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ќе речеш мистрија и што ќе помислиш? - Дека со неа треба да го израмниш ипи да го измазниш, да речеме, тоа што не сакаш да се гледа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега оваа куќа во очите на Климент Камилски стануваше историска зашто во неа требаше да се водат големи битки за спасување на балканските јазици од задржаните османизми кои можеа според неговото убедување да им наштетат на балканските народи, кои најпосле добија свои држави.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние толку ретко одевме кај тетка Рајна, што си мислев, дека, за да се оди кај неа треба да се има посебна причина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Веројатно неа треба сите вие да ја знаете кучиња едни касапски.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Голото машко тело над неа требаше да биде тело на странец, човек што таа недоволно го познаваше и никогаш го немаше замислено ниту како близок пријател, а камоли вака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зашто од некои причини што не му беа сосема јасни имаше сигурно чувство дека со неа треба да биде што повнимателен. Прелукава е, заклучи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многумина претпоставуваа дека токму таа буква-девојка го означува почетокот на текстот, и дека од неа треба да се почне со дешифрирањето на записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нели пред неа треба да се побара мајката Роса?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во неа требаше да се насочат, да се кристализираат, два, според мене, значајни тока: за да се состави клучната телеграма, која требаше да ги покрене механизмите меѓу двете земји во натамошните односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За да се ослободиш од неа треба да се раздвижиш, ништо не ти помага седењето над книга и гледањето во ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И немаше ден афежитките на чело со некоја си Вера да не ги собираат селаните во училиштето и да не им зборуваат дека победата е многу блиска и дека за неа треба да дадат се што имаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- До неа треба да има една сива трикатна зграда...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секоја информација што е стекната во светот на феномените е измамлива (“doksai”); веродостојна е само нашата вродена информација (“sofia”) и неа треба одново да ја откриеме.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Оти и во неа треба да се криеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)