неа (зам.) - кон (предл.)

Хелвиг се прашуваше дали можеби откако си замина Карл, се разбуди некое чувство во неа кон внукот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нејзиниот маж не ги слушаше советите на мајка ѝ која изроди толку ќерки, тој забрзано ја водеше и неа кон нешто што влече посилно од смрт, од погибел: небаре ја жртвуваше и неа покрај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Следел со згрчена утроба: далеку од трудните жени и од каква и било помош на жилавите дојденци, Фиданка Кукникова го живеела својот ден со загатлива насмевка на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, по неколку утра од доаѓањето во Лесново, тој кришум одел по неа кон шумата на ридот не сфаќајќи зошто го прави тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Може ли таа за атер на Бугарија да ги навреди другите балкански самостојни православни држави, чија самостојност е извојувана со руска крв и со руски пари и да ги направи тие држави да се одвратат од неа кон другите западноевропски држави и да се направат во нивните раце орудија насочени против Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)