неа (зам.) - пред (предл.)

Сакам да расчистам со неа пред да почне распустот, оти не можам да издржам уште едно лето без неа, а да не знам на што сум!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако! И, запомнете: за неа пред Зоки Поки ни еден лош збор!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Беше тоа девојката со темна коса. Од онаа вечер кога налета на неа пред старинарницата, беа поминале четири дена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во моментот таа мисла ми се поврза со тетка Рајна и со жената, која беше дојдена со неа пред јас да заминам на училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
— „И научи, кучката една“ — си велеше мајка ѝ со умот, кога на крајот на учебната година, на свети Кирил и Методи, даскалот Бино пак одржа цел говор за неа пред оние исти родители, пред кои есеноска одржа за нејзиното стапнување во училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)