неа (зам.) - никаде (прил.)

Ја бараа низ селото, по сите роднини и пријатели, по сите куќи, по блиските и подалечните села, ја бараа во градот, но неа никаде ја немаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Без неа никаде не одам, таа ми е, знаеш, најмила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Опкршуваа по сета планина, но попусто: неа никаде ја немаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неа никаде не ја делам од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)