Сето тоа беше претставено како некаков заговор - куп ликови, шалтерски работници, касиерки, адвокати, автомеханичари, доктори, луѓе со или без име и презиме, кои правеа сè за тој да заврши несреќен, му наплатиле пет денари повеќе, го завеле под погрешна адреса, го загубиле пакетот, се препознале, демек по грешка ја загубиле резервацијата, наместо да му ја излечат настинката сериозно го разболеле.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
О, тоа беше предавство. Или некаков заговор. Или казна поради тоа што останавме живи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Заговор“ се насмејав јас “каков заговор?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Да не станува случајно збор за некаков заговор, прашав пред малку” ме потсети Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Продолжи, свесен дека тоа што го зборува мора да звучи истовремено и неубедливо и претенциозно: „ Ние мислиме дека постои некаков заговор, некоја тајна организација што работи против Партијата и дека вие сте замешани во тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па така, додека едни се среќни затоа што, ете, некој се грижи за нив, другите ги мотаат во устата, ги џвакаат, па ги плукаат, и, како по правило, секогаш ги чуваат за доказ на некаков заговор што се кова околу нив и во кој е замешана владата, некој од власта и некој претседател, од актуелните кои владеат овде или од некоја друга земја.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Мислев на нерасчистени сметки на нашиот пријател со власта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се плашеше, во тие времиња, да не му сплетат некаков заговор и денунцијации во Судот, каде што млади и амбициозни судии, партиски надежи, рефлектираа на неговото место.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
„Зарем сериозно размислувате дека можел да постои некаков заговор?“ прашав повторно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)