нему (зам.) - во (предл.)

За моја среќа, и нему во истото време му попуштиле чевлите, па требаше да бара поправка, ако не може веќе да добие и нови.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А.А. му дава знак на И.И. да се оддалечи од паното, што значи да престане да говори, зашто заклучокот на крајот на посетата на исламскиот павилјон му припаѓа само нему во својство на директор и повеќе од тоа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој знаеше дека пројавува нестрпливост, но и така нему во Струмица му се допаѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Едо се сретна со неговиот поглед, виде оѕвереност на препален човек додека нему во ој момент му надоаѓаше нов бран побеснетост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Или зашто џамијата одамна почна да му се гради и наскоро ќе беше готова, а нему во сон му се чинеше дека ги слуша клетвите на каурите, или прекорите на Влаинката и стариот Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Туку и нему в очи ќе му речам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Матвеј Николаевич стоеше бос, наведнат над заспаната ќерка; неговото лице беше вкочането сосема блиску до градите на Наташа; на Вадим му се причини дека тој мошне смрдливо и чкрипаво мласка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш младиот научник одеднаш во себе почна да изговара математички формули; нему во неговиот расколебан ум му се причини дека од нивната стабилна реалност Матвеј Николаевич ќе мине, би можело да се каже, ќе испари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Доколку од тоа се изроди некој кој не дува во истиот рог, стварен бунтовник, настапува паника во целиот театар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А нему во претставата му припаѓа улогата на бунтовник, но, се разбира, лажен бунтовник.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)