И предци и потомци   На Јордан Плевнеш  Ноќва, вкопан во плочата на Сахара,  во нејзините црвени африкати,  осознавам дека има земји  претерано неми,  во кои нема што да се откопа -  ни коска, ни писмо, ни прстен,  осознавам, значи,  дека има претерано неми земји  кои сами себеси си се кучиња - чувари.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во нив отсекогаш сѐ што е родено  е живо и затоа нема и што да се  откопа: луѓето таму во крвта си ги  носат предците  па затоа и не веруваат во одминливоста,  самите себеси си се и предци и потомци:  нанижани во долги низи црвени африкати,  огнот во нивните колиби ги ништел  сите нивни платони и исуси, бетовени и целани,  па точно затоа тие  и сѐ му доверуваа на зборот:  сите нивни пориви и тајни -  зборот ги префрлал преку вековите.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)