Целата соба беше една неизвесност, ѕидовите се оддалечуваа еден од друг, ослободуваа за невидливи сеништа и мали безоблични чудовишта темни простории без дно и без крај како некогаш одамна, во неговото детство, кога наесен умираа старците и зеленилото, умираа иако не беа заедно родени, и умираше се во неговата улица со шест џамии и еден бунар од кој ноќе излегуваа проѕирни жени со долги коси и зли, ничии јарци со бели очи.
               
             
           
            
            
              „Месечар“
               од Славко Јаневски 
              (1959)