IV  Во ова царство на мажи и без царови  Да му се поклонуваат сите на ножот  В раце што го стегаат овие црни беласици  И кории;      Со него сите очи да им се извадат;  Во онаа провалија долу  И телата со него да им ги избодат      - На опинчарите на рибарите на брсјаците  Да остане ова царство пусто  И само камен  Црн гол камен да се народи  Името под себе да ни го чува  Внуците да ни ги откопаат      Со нив и ние да векуваме.
               
             
           
            
            
              „Вардар“
               од Анте Поповски 
              (1958)