Таа се туткаше како некое сиротно маче во близината на наежен пес што широко се рашетува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Подоцна се појавува на балконот Ристаќи во антерија и тука се рашетува, тука се накрепува на вратата или балконот занесен во мисли.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Си се рашетував под пенџерињава, чекав да излезеш да почистиш и...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
При сосем редуциран материјал, во завршница на дами, неговиот коњ (тој игра со црни фигури) е врзан и сведен до бедната улога на пион зад кој се затскрива кралот, опасно угрозен на ха-7, додека белиот лауфер може широко да се рашетува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како да ми беше спомнато и името? - прашува таа додека ја затвора вратата и ме гледа испитувачки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Се рашетуваш? Или ми се причинува? - ја пречекав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се престорив невешт. - Како да слушнав нешто?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Спротивно од него, мајка ми, и не сакајќи кога одеше в чаршија или по некоја од службите во градот, својот македонски наместо да го проткајува со бугарски, како за инает, но всушност неконтролирано, почнуваше да зборува - со српски примеси. Низ градот сѐ повеќе се расшетуваа луѓе со жолти ѕвезди по палтата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
МИТРЕ: (и се тупнува). Ќе легнеме, де! (Се рашетува со долги чекори нервен и во длабоки мисли).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)