се (зам.) - струполи (гл.)

Зачудува како човечката рака, во бездната создадена од водите на Јантра, таму каде што таа како змија го заплеткала Трново, се решила да гради живеалишта кои окото човечко оддалеку ги доловува како да надвиснуваат, и, се чини, секој момент можат да се струполат во водите на длабоката клисура.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На скалата не пречекавме многу: само неколцина што успеале да јурнат низ ходникот. Но и тие се струполија крај стражарот на вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му се нафрлив. „Марко, немој! Лошо ќе поминеш!“ исплашено извика Влатко, ама веќе беше доцна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како што му се фрлив во босите нозе, се заниша и се струполи на плеќи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се готви... - изговори со тешка мака Цепенко и, не можејќи да доврши, се струполи како поткосен пред вратата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Денко појде. Се изјази можеби едно два-три метри по карпата, со голем напор, и гребнатини по рацете, а тогаш се слизна и се струполи удолу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пукнаа во неа и таванот, и џамовите, и ламбата и черчевињата. Се струполија, се ничкосаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се обидов да го утешам, зборувајќи за тебе, кога тој се струполи врз постелата и почна да липа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Доцна во ноќта, се втурна во куќичката, папсан, со закрвавени очи, и блуејќи, се струполи врз креветот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Слушам како полиците стенкаат затекнати од неочекуваниот товар, кој едвај чека да ми се струполи на глава на следната кривина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Св. Петка се струполи на земја парче по парче распарчена од острата сабја на бездушникот па ја одведе во Цариград Главата и одсечена уште ни порака испрати тоа и го прочитав од усните усните и подгорени.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Без никакво офкање се струполи од столот. - Бргу, Радо, повикај брза помош! - најприсебен беше Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Речиси се струполи на столот кој му го подметна Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, чашата се прелеа кога командирот на задругата Борис пред сите го нарече кочоперен јарец, за што од Никодина доби шлаканица од која се струполи во калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во периодот на перестројката митот “ние сме најсреќни” се струполи за да се претвори во “ние сме најнесреќни”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рече дека така поубаво ќе ги слуша песнопојците Блаже Задгорец и Богдан Преслапец. Никој не пееше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Смеата што се струполи врз нас од ридот ја удави песната во нашите грла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога навлегоа и едните и другите длабоко внатре во мртвиците, одекнаа два скришни истрела и Сали Муслиоски и Даут Мустафовски се ступолија од коњите во живиот песок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Глигор го зграпчи за рамења и го тресна жестоко во ѕидот. Арсо се струполи наземи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа судбина му ја откри на Глигора бездната во којашто мораше да се струполи, а на старецот му ја покажа непомирливоста на младоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо најде едно незафатено место под прозорецот, си ги остави пљачките и уморено се струполи врз нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
МЛАДИЧОТ: (Блед е. Се чини секој момент ќе се струполи на земја. Поревајќи се, се довлечкува до една од фотелјата и седнува во неа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Загубата на еден деспотски авторитет се распрши накусо во јалово и комедијашко дебатирање на групи бивши поданици кадешто сите „буџаклиски” идеи се струполија на сцената како месијанско лакрдијашење, како проводаџиство со разни лицитарски „искупувања” на националната душа, како евтино магионичарско залудување на зашеметениот народен инстинкт за опстанок.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дури и Влаинката, која, за да не се струполи, го фати под рака мажот си, па и Марин Крусиќ, - дури и тие, по мала недоумица, се упатија во спротивна насока преку мостот кон Каршијак, иако патот не им беше натаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога Тодора го најде таков, бел како изваден од варница каде несреќно се струполил, крвавата чалма веднаш не ја препозна: таа ѝ заличе на покровот Христов од манастирот Нерези, со кој пред векови му ги завиткаа светите рани на божјиот син.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога стариот се врати на ранчот на зајдисонце, го најде Сем Галовеј како лежи на креветчето, налегнат на купче од ќебиња и волнени торби, и како ја штима гитарата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И други неволји исто така се струполија на неговите раменици.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како поткосени, како некој во корен да нѐ пресекол, се струполивме на скалите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се струполи и не стана... душа изнамачена... влечкана по патиштана - недодржала... Поморија...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Митровденски задушници - а гробиштено празно. Си се гледам - насон си се гледам изморена, папсана, исплашена - да не би вака самсама да се струполам - а нема никој да ме крене... па сум фатила да ѝ се молам на Богородица Мајчица - Помогни ми!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Прости ми, мајчице мила, и Богородице - двете простете ми... - се струполи небаре коленичи во молитва за стореното прегрешение.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Се струполи пред дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога најпосле и последната пара ја фрлив, кога виде дека нема веќе ништо во чантата, се згрчи, се фати за градите, офна и се струполи на подот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Каква одбрана во опседната зграда? – Теслим, бре ќерата? извика омбашијата и тргна со кубурот а едно момче се струполи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој се струполи и извика: „Мајн гот!“* - и бомбата падна и експлодира до него.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Куртиал, во таков случај, од толку што беше авторитетен штом ќе се разлутеше, ќе го згмечеше в џеб и најненаситниот манијак, ќе го набуташе веднаш во глувчешка дупка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште пет минути!... Од дома... од дуќанот... од омнибусот, од таванчето... колку да се измоча... за да се нацрта уште побрзо во „Генитрон”... да се струполи тука, распуштен пред канцеларијата на де Перер...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Куртиал не беше дебел, туку живо и кусо, набиено човече.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Војната беше загубена. Се струполи во фотелјата и тешко воздивна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
— Така, две, рече и се склечка, се струполи меѓу столовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)