себе (зам.) - прв (прид.)

Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бавно кревајќи рака, тој го скина пликот, и, штом ги прочита во себе првите редови, лицето му светна и тој извика: - Таксај, Бојано, таксај! - Што бре, што има?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тој вреден запис и достојно сведоштво читам: “Како што се гледа од раскажувањето на генералот Лешек Кшемјењ, тогашен заменик командант на шлескиот воен округ за политичко - воспитни прашања, во почетокот на летото 1949 година го викнал кај себе првиот секретар на ЦК на ПОРП, Болеслав Бјерут.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)