АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Големите си свират со електрични гитари.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Откако заврши основно училиште, брат му се запиша во средно градежно, а таму немале мандолински оркестар.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
По некое време вратите затропаа. Идеше Мирко и весело си свиреше.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И штурците никако да тивнат: си свират, ништо не ги запира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
АРСО: Нека си свират, чорбаџи Теодосе. Нема што да криеме: ни пари броиме, ни жена тепаме, веселба правиме, како што е адетот и редот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Џипот си свири, не запира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас штурчо само си свирам и сите во оро ве збирам дајте ми да кажам здраво и јас имам еднаш за право. Не, не не....извикаа дечињата.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Лажовен, лизгав: одиш, одиш, исправен, силен, чист и — одеднаш паднат во кал, извалкан, смачкан... Живот!...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)