сиот (зам.) - она (зам.)

Таа препречена брана, брана накосо поставена, за да се одбрани од сето она што животот го носи, од бурната животна река, големата вода, која ако не се одбрани, човекот ќе го завлечка во лош правец.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Не се работи за навика, нането чисти, таа мерудија каде што ќе помине, низ устата, стомакот, цревата, сето она што во текот на ноќта не работело, нането и солта го активираат, чистејки ги органите за варење, а пак лебот ги впива сите наталожени отрови. – веднаш имаше одговор баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Целиот оној примитивизам, насилие, затуцаност, грабежливост, сето она, значи, што во вицовите е пројоцирано во натрапникот од Херцеговина, не е ништо друго туку наличје на нејзината загрепска семејна идила, со емајлот на хипокризија прекриената угнетувачка стварност на нејзиниот христијански морал, суровата секојдневна содржина од фиктивна финотија на нејзиното велеградско воспитание.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Цел град за себе - со продавници, пошта, кафеани, бистроа, хотели и, речиси, со сето она, што е потребно за патување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Впечатоците натежнуваат, ги бележиш, колку можеш и додека тоа го правиш пред себе гледаш цел филм од сето она што се случило.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најбогат беше асортиманот на рибите и морскиот свет. Од сето она што се нудеше овде, не можев да забележам само месо од китови веројатно и од ајкули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку и да е интересно разгледувањето на овој музеј, полн со разни гробови на француски великани, потоа со сето она што останало од историјата, неусетно ве зафаќа замор кој затапува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И еве јас, по сето она, се определувам за вас...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
По сето она што се случи, пред тато и мама се чувствував виновен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од самиот почеток Били имаше некој вел со кој го криеше сето она што таму се случуваше - чудни фаци влегуваа и прашува: „Дали Били е тука?“, а јас им покажував кон заднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Никој ништо не земаше пред мене, ниту видов некого да се боцка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш пак дојде песната. Таа носталгична и тажна песна на македонските печалбари, низ која се изразуваше сето она што тежеше на душата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И како минеше времето, сѐ повеќе се топеше, бледееше сето она што ги раздели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не беше ни свесен докрај за сето она што се случува околу него и со него, и за својата крајно тешка положба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никогаш не кажуваше што е тоа, но се подразбираше: крвта, она што не може да се смени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го прашуваа: што во тебе е преостанато еврејско, кога го имаш напуштено сето она што на твоите сродници и тебе ти било заедничко – и религијата, и националното чувство, и традицијата и обичаите, тој одговараше: „Она најсуштинското.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку ни беше убаво во нашиот стар стан со тебе и со сето она што ти го правеше за нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Остана, загледан во крвавата дира, што се оддалечуваше пред неговиот поглед некаде во бескрај меѓу ретките стебла, што ја обрастуваа белата странка пред него; во неколку наврати беше дури и задоволен од сето она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се смееше на сето она, што го доживеа минатата ноќ и оваа утрина, а смеата сѐ уште продолжуваше да извира од него во палави клучеви и не сакаше да престане.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нека биде простено сето тоа и нека биде чисто од нив, сето она напред, а сега веќе немаме ни за што да се гриземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Старецот зборуваше така просто, мислејќи на сето она внатре во човекот, и на неговата среденост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше по својот стар не загубен ритам, просто забегнувајќи си го погледот од сето она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го прифати сето она, кон што го повикуваше неговиот самјак, наполно мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не очекуваше да го најде во ниедна од тие зглопки, што ги освои толку внимателно; па сепак, и не мислејќи, тој го правеше сето она, што требаше да биде сторено кога се оди на еден вака голем лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, кога го сети своето приближување кон сето она, можеше многу добро да ја открие и длабочината, а и сето самоодречување, и сè друго, што некогаш само го насетувал кај својот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На местото од сето она, што царуваше по Белата Долина, тој имаше само една пушка, со уште два фишека, кои не се решаваше да ги загуби вака попусто, а тоа беше една многу несправедлива и лоша замена, невозможна замена, за сѐ друго, што чуваше секоја единка од тој живот околу него, за секое дебнење и секое предухитрување, за секое сурово наскокнување и секакво столкнување очи в очи, што го носеше во своето тело, во сплетот од своите мускули, секој жител на таа бела, диво ризискрена ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По неговата површина се нишкаа дрвените предмети од куќата, садови, делови од постелите и сето она што водата истргала од куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како по некој договор кој го исклучуваше сето она што не се однесуваше на внатрешната квадратура, во претприемната просторија, заглавениот мебел доживеа скандалозно игнорирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А сето она што таа, како склопување сложувалка, вистински го навестуваше, почнуваше благо да стаписува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме фрлија мигум во лежалка на тивко крајбрежје, каде шумливите бранови го прелеваа сето она што Типот кој бараше запалка умееше да го каже.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За тоа време, исплашениот продавач беспомошно трчаше, спремен, како мачорот Том од цртаните, да го додржи сето она што можеше при оваа акција да падне.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И тоа беше сѐ. Се обави сето она како што беше договорено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можам да се обидам по сто пати, но не ми успева, можам и да играм некоја друга улога, во некој друг театар, да бидам некоја друга јас... но пак ќе го барам сето она што е твое... ќе ја посакувам твојата сцена...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Таа војна кај нас беше само лажно дисциплинирана со комунистичкиот мир (што, сепак, според Еуген Финк, е „забрана на смртта”), но токму во него маскираните тагови дотуркаа до највисоките хиерархиски места, и во моментот на историска шанса за нов зов на Нацијата, за фашизам (според Финк, „очитување на смртта”), тие излегоа од своите заклетвени пратемници - од коишто изнурнува и божицата Кали, не како Примавера, туку како ждерачка на лешеви - и удрија со современа воена техника, сепак, амулетно, сѐ уште користејќи касапски ножеви, на сето она што беше југословенско, што не се одзва на повикот на божицата Нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Идниот ден, утрото, во мојот кабинет долго седев во фотелјата со испружени нозе на табуретката и се обидував барем една трошка да сведам на конкретно значење од сето она што во ресторанот „Зона” си го кажавме со мојот началник. Попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога се повлекоа војските од селото, Танаил започна сѐ позачестено да пука со мините во каменоломот за да го надомести сето она што го изгуби во времето додека војските беа во селото и кои му забранија да пука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој ја дигна, чашата и го испи оловото и со него сето она што беше шарено и нејасно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Трча така, го загледуваат и чевлињата одеднаш не се чевлиња, туку кој ги носи најјунак е, кој ги носи најубав е, кој ги носи е сето она што селаните најмногу го ценат и сакаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Постоеше совршена врска меѓу моето тело и сето она што се случуваше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)