Во предавалната сите почнаа во хор да ги повторуваат зборовите: „Кај нас секој секого ебава!“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сите почнавме да мислиме на најлошото. Што знаеш. Туѓо место, непознати патишта, нешетан човек...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најинтересно е што во таа лежечка состојба, сите почнуваат да солат памет.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Полека сите почнаа да си одат, откако прво нешто ќе ѝ шепнеа на мајка ѝ на Ане.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тој ме погледна изненадено и рече: „Ајде, тргнувај, пијан човеку. Сите почнаа да се собираат пред автобусите“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За’ржа и тој, врисна како пастув по кобила, носејќи ги двајцата низ стрмните урвини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Томе само гледаше нагоре, каде што луѓето ѝ шепкаа на мајка му.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сите почнаа во тој правец да стрелаат и псујат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)