1. Скопје медиски станува сè покомплексен град, а нашата „Локална сцена” баш и не го           следи, од причини што Маргина сè уште не е доволно екипирана да се впушти во едно длабин           ско и критичко преиспитување на културните вертикали и хоризонтали на градов, а, како што           се знае, таа опрема (кациги, детектори за радиоактивност, рефлектори, скејтборд-штитници,           сонди, пинцети...) е толку скапоцена, а теренот за работа (нагло исушено мочуриште - овој           град, предмодерна, полуфеудална-полусоцијалистичка населба, со одвај неколку точки прав           наместо исцртан културен профил) толку тежок што подразбира најширока можна палета на           знаења, плус голема физичка енергија, плус дистанца, плус контакти - ма, хаос.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 15-16“
              
              (1995)