таа (зам.) - луд (прид.)

При сето тоа сепак не ја исклучуваме можноста љубовниците кои се најмногу изгубени взаемно да се пронајдат, оние мигови во кои се случува препознавање, кога пеколот се преобразува во рај и слегува на земјата, кога таа луда забава станува радост и празнување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Има долготрајни и краткотрајни љубови“, му рече Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, наместо да се заангажира и да ми помогне да излезам од таа луда мешаница во која западнав, таа само мирно заклучи: - Мислам – рече – дека и не е потребно да одговориш на сите нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги остави сите свои работи, дури и прстенот од претходниот брак, со писмо во кое напиша дека не е способна да ја преживее бурата на таа луда љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа што треба да го знаеш, кога тогаш ќе го дознаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)