Она што го открива парадоксот на оваа изложба, а оди во прилог на тезата за отсуство           на дефинирана ликовна стратегија и структурирана сцена е фактот дека и по цела година           од реализирањето на овој проект (куратор Зоран Петровски) не се појави каталог во кој           авторот ќе ги инерпретира веќе лоцираните проблеми и новонастанати поетики, како едно           теориско согледување на конфронтираните ликовни јазици - оваа изложба, навистина           непотполна, сепак беше еден од најопсежните обиди за презентирање на уметничкото           совремие во Македонија и понуди доволно материјал за едно такво согледување.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 36“
              
              (1997)