- Тебе, скоте, во подрумот, - излудуваше, - во подрумот, арамијо! А ако се осмелите некако и го прашате што сте му украле, тој тогаш без збор ве загледува со еден таков страшен, ужасен поглед што е потежок од секоја казна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Пишуваа за смрзнатата девојка на „Булеварот на вљубените“. – Како е можно ќерката на ценетиот архитект М.К., еден од идејните творци на Новиот Град, да се убие на таков страшен начин?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Проклет да бидам, што можев јас кога имав таков бесрамен дедо и ме учеше сѐ некои такви страшни, срамни работи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Зошто ти, татко, не ми кажа, на сон не ми се јави, во видение, оти такви страшни работи децата треба да ги чујат од устата на татковците нивни!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Снеже знае многу такви страшни вистинити случки.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таков беше тој, таков страшен! Лоша крв, нечиста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Обожава да ги чита црните хроники по весниците, или да слуша кога возрасните зборуваат за тоа, па потоа ни раскажува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се колнам, првпат воспитувачите и татенцето ни простуваа еден таков страшен престап.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, сигурно многу им било студено на децата штом мајката во таков страшен, виуличлив ден морала да оди по дрвчиња во планината.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)