Излезена од саќето на муграта, или од пламенот  на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин  ќе осамне како слутење, дури потоа  ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот,  а сетне засекогаш со тебе ќе остане  пепелта на нејзиниот отсутен допир.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)