те (зам.) - љуби (гл.)

Но јас сѐ уште чекам, беспомошно а силно посакувам, да те љубам....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Еднаш те љубев со затворена уста... те гледав со затворени очи... толку силно, толку темно... но доволно за да не те загубам во мракот..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Те љубам. И сказанието е премало да те иссонувам, да ме допре благостта...
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
А сѐ почна од утрото. Додека на внатрешната страна од бонбониерата „Те љубам“ запишував нешто за меланхолијата, ми претече млекото, а кога го тргнував тенџерето, палецот ми се залепи за проклетата рингла.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ма, кој те љуби тебе? Сега мене ми е редот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Престани да бидеш дрзок. - Те љубеше? - Тоа го знаеш! - И ја избегнуваше нејзината љубов.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кога неговото распрснато тело паѓа крај неа, надолу, надолу, во запрениот миг на разминувањето, тој, вон себе, се дере, најсилно што може, го корне гласот – Те љубам! Те љубам таква!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Надвор лежи Турчин, а внатре те љуби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Си направив еден кавал - ликот твој го напишав - кој ќе свирам да те гледам - да те гледам - да те љубам - леле, моме, моја да си, - леле, моме, негалено - леле, моме, нељубено... извива кавалот милно, копнежливо - сега му е време, додека се готват тапанџијата и двајцата зурлаџии.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Пријателе мој, зар те губам зашто те љубам, зашто те љубам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А и јас, вратен од Цариград, знаев каква стапица за нашата иднина можеше да биде патувањето во Италија. – И ти, тогаш, ништо не ми рече за сево ова, мили. – Те љубев, мила, те љубев!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)