Она што таа не можеше да    го претчувствува, тоа се пајаците, се најдовме три или четири пати и тие не касаа, беа    неподвижни во бунарот, исчекувајќи, сè до денот кога дознав, како сето време да не    знаев, но во вторник - да се стигне до кафулето, да се замислува дека Мари-Клод веќе    е таму или пак да се види како влегува со својот еластичен чекор, да се види нејзината    црномуреста фигура која, и не знаејќи, невино, веќе влегла во борба со пајаците    одново разбудени, во борба со пречекорувањето на играта која единствено таа и успеа    да ја сочува едноставно со тоа што ја испружи својата топла рака, едноставно со тој    прамен што шеташе по нејзиното чело.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 6-7“
              
              (1994)