ја (зам.) - влечка (гл.)

Овие раце, продуховени од некоја немирна страст да стигнат и да уловат нешто во теснината на оваа глува дупка, се пуштаат се напред, ја влечкаат влажната мека маса и одново, со точноста на механизам, жедно се провираат под нозете и градите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повторно ја фаќаат Гајта и ја влечкаат зад школото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шестиот, што не можеше онака бргу да се искрие, сигурно доста искасан, а веројатно некаде скраја и закачен од неговото зрно, си ја влечкаше доста бавно својата болка нагоре, накај шумата, потскокнувајќи само на трите нозе, со една притаеност брзајќи да ја искрие и својата тронога сенка меѓу сеништата на дрвјата на белата шума под месечината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад него долга рака со калливи прсти ја зафаќа одронетата земја и ја влечка назад.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И некое време ми ја истргаа Оливера Поточка. Ми ја откинаа некако од раце и почнаа да ја влечкаат преку шините од пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Карабинерите ја влечкаат Гајта, а по Гајта се влечка мајка ѝ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)