Касиерката ја заклучува масата, ја поправа косата и се карминира.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но тој е веќе во своето сокаче, еве влегува во портата, ја заклучува како без душа, ја опира со грб и премрува наслушувајќи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Понекогаш, ја заклучуваше во најмената соба над кафеаната „Боеми“ и ја оставаше да го чека, кога, околу полноќ, ќе се втурнеше смрдејќи на алкохол и цигари, хистерично се обвиваше околу него, го љубеше очајнички, збивташе како повреден пес.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Повеќе пати тој доаѓал кај неа да ѝ го земе насила, но таа ја заклучувала куќата и не го пуштала да влезе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ноќе ја заклучував вратата за да не ми влегува, но од страв сепак да не се шмугне од некаде и да ми ги ископа очите, воопшто не ни спиев.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа замолчи и забележав дека збунето ги намршти веѓите и подзина, но бргу отпосле пак викна, но овојпат, - Јован!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Бегај. (Му ја отвора вратата и го истуркува надвор.) Бегај. (Потоа, веднаш ја заклучува однатре вратата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Откако ќе ја одведе до кујната, тој ја заклучува вратата од кујната и го става клучот в џеб.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Му вели потоа да ја заклучи, и тој ја заклучува.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа кога ќе го видеше Илка каде што ја заклучува вратата, ќе му речеше: - Штом ја заклучуваш одајата, тогаш и сам чисти си ја... И Илко сам ја чистеше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)