ја (зам.) - наследи (гл.)

Титулата на цар Душан се објаснува вака: тој признава на Балканскиот Полуостров две словенски држави: Бугарија и Србија и една несловенска – Византија; Србија со завојувањето на византиски земји сака да ја наследи Византија, но со тоа зема земји што можат да бидат и српски и бугарски и коишто не се бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ангсоцот, кој израсна од поранешното Социјалистичко движење и ја наследи неговата фразеологија, ја оствари, всушност, главната одредба од социјалистичката програма; со резултат, однапред предвиден и со намера, да се овековечи економската нееднаквост меѓу луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Такви сме по емотивна конституција – а и ти, иако можеби како моментален однос тоа не ти се допаѓа, си ја наследил таа особина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Морисеј беше тој што ја наследи Ворхоловата бизарна тематика и работа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќето од филмовите по 1968. како што се Flash, Trash или Heat, кои често му се припишуваат на Ворхол, можеме да ги следиме само како дела под покровителство на Ворхол, всушност авторски работи на Пол Морисеј.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оваа куќа ја наследив од еден мој близок роднина. Во нејзе стапнав кога дојдоа првите колонисти од Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ни да се продаде имотот, ни на заем да се даде, ни да се наследи, сѐ додека бог не ја наследи земјата и она што е на неа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Постарото, машкото, ја наследи вообразеноста, гордоста, суетата и тврдоглавоста на таткото, па како што растеше, сакајќи да докаже дека е поинаков, постојано ги правеше истите грешки што ги правеше и татко му.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Беше повеќе игра на посакуваните симболи отколку на текот на реалноста која не беше толку идилична колку што се посакуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големата љубов што ја наследив од Мајка, која цврсто ме одржуваше на кормилото на животот, Мајка велеше дека ќе ја заслужам со нејзиниот благослов ако ја доживеам од моите чеда. Таа мајкина љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)