ја (зам.) - ни (чест.)

- О да, простете! Јас не ја ни претставив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, Рада, која и самата почна да верува дека времето брише сѐ, приказната за својата голема тајна не ја ни отвори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кој вака прашува не ја ни насетува „творечката“ сила на традицијата (во една ничеовска смисла), колку и денес да паѓа курсната листа на образовните вредности. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 228
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но како тој не ја ни забележуваше, и таа лека-полека престана да копнее по него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Не ти се допаѓа. Ти не знаеш ништо за оваа музика. Никогаш не си ја ни слушнал.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но Марче остана да седи на подвиените колена, само се фати со раката за срцето, па за увцето („Уф, што ме уплаши!”), а потоа не ја ни сврте главата за осорно да го праша: - Од каде ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој не беше човек кој немаше навикнато на осама, но сепак - тој тоа сега го открива - едно вакво живо суштество, суштество какво што се покажуваше неговиот, сега неговиот, грифон, Грифи, таа негова осама сепак не само што нема да ја нарушува, туку и не ја ни осиромашува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во шест часот мајка му донесе супа. Не ја ни допре.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)