е (изв.) - па (чест.)

Кога ќе се налутеа на нас и ќе нѐ наречеа тврдоглави Бугари, ние пак ќе речевме: Е па така си е: вистина, христијани сме, ама не сме образовани како Грците!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Е па, ти побарај татко ти да те научи!“ се налути Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е па добро, вели Мисајле Станковиќ, од кај знам јас како треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е па да одиме, ми вели Мирче, еве веќе се разденува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Љупчо вовлече чад, потоа полека пувкаше гледајќи нѐ подзамижано.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Е па, морони, ова е отприлика борба за душите на вашите деца, или така некако.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Зинати, небаре не виделе пушач. Учете! Еве, вака: да си маж, вистински маж...“ се обиде да испувка тркалца, ама не му успеа. „Татко ми може“, рече Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)