2    О ти оставаш да зборувам за љубовта  како што верувам  а тоа е сепак повеќе одошто умеам  Оставаш да го возобновувам мигот  кога излегуваш од својата насмевка  и остануваш толку осамена  што бршленот почнува да живее на твоите глуждови.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  О
   ти располагаш со бол
   во тебе се прекршува колективот
   и други показатели
   О
   во тебе се креваат револуции
   граѓански војни
   и љубов - збирна множина
   О
   во тебе паѓаат снегови
   снегови
   О
   во тебе тапани
   нерви и
   булки од секакво потекло
   О
   во тебе се Тие
   О
   во тебе отпадоци
   остатоци
   недостатоци
   вертикали и
   разновидни
   интимни
   чувства
   О
   ти си едно минато
   неопределено време
   О
   можеби си човек.
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  О ти, моја душо страдна,  О ти, ум мој – пламнат жар,  не се нити сенки вијат,  нити мајкин страден лик,  туку, ах, е прво либе,  сон не знае, гори в жал  гради кине век да скрие –  чека в младост ноќ и ден.
               
             
           
            
            
              „Песни“
               од Коле Неделковски 
              (1941)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Џ. продолжува: - Лена, о ти на Трајче жена, тешко кажуваше „не“, Трајче работеше во смена, беше едноставно сѐ.
               
             
           
            
            
              „Или“
               од Александар Прокопиев 
              (1987)