Во истиот миг стана и тој, го досигна одликувањето од перничето и застана пред Софронија; пред да му го обеси одликувањето на гуша, му соопшти, не без искрено сочувство, дека неговиот брат носителот на спахиската титула, Георгие Акиноски - Алах да му ја направи миризлива земјата - загинал во бојот со Австријанците.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Потоа, во исчекување да му биде предадено одликувањето, несвесно ја поттури главата нанапред, спрема Мурада, а кога и тоа го направи, односно откако Мурад му го обеси одликувањето, ја исправи главата и изговори:  Алах да му ја умножи славата и удопствата на Прагот на среќата и лично вам, наш високославен султану.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Алах да Ви ја умножи благоста, највисокодостоен, рече Софроние и зашто мислеше дека приемот е веќе завршен, направи движење кое ја потскажа неговата намера - дека е готов да си отиде.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)