Евреин (имн.) - во (предл.)

Таа е декоративна, нема трајна социјална вредност, тешко дека ќе се најде Евреин во приказната.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сефардските Евреи во Скопје ќе ја донесат и својата религија, а во нејзина чест тука ќе ги подигнат храмовите Бет Јаков и Бет Ахарон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Па? - Па нели ти правеше некаков документарец за Евреите во Македонија?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
КЛАУС: Господин Херцог е сега сенилен Евреин во пензија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ме сожалуваа. Бев дете и немав ставено дланка на женска дојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа намера го оневожмозуваат кралицата Естер, Еврејка по потекло, и нејзиниот стрико Мордехај.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Министерот на дворецот, Хаман, издава наредба да се погубат сите Евреи во Персија, зашто не им се поклонуваат на персиските богови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што, една по друга, се редеа нестабилните кралски влади во државата во која сѐ повеќе се завадуваа големите, така тие влади донесуваа прописи со кои им се стеснуваа правата на малите народи, особено на Евреите во земјата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во сите почетни сукцесивни фази од почетоците на минатиот век, па сѐ до 1968 година, палестинското движење имаше само една цел: да ја ослободи татковината и да создаде независна арапска држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ослободувајќи се од ставот на претходниците Евреите во море, Арафат се определуваше за создавање демократска и неконфесионална држава Палестина, која ќе им гарантира еднаквост на сите граѓани: Евреи, христијани и муслимани!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Густав Малер, славниот композитор којшто потекнува од мало Чехословачко градче во кое во тоа време живееле претежно луѓе што зборувале германски, кој стана славен во Виена, се чувствуваше како бездомник трикратно - како Чехословак меѓу Австријанци, како Австријанец меѓу Германци и како Евреин во целиот свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)