По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
               
             
           
            
            
              „Продавница за љубопитните“
               од Мето Јовановски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ако си спомнувате, малку пред Амстронг да зачекори врз фантазијата на поетите,  студентите го тресеа цел свет – од Беркли до Берлин и Париз,  та дури и до Белград и Скопје (кај сите Турци таму и малиот Асан,  шашардисан како онаа жабата што кинисала по коњот да се потковува).
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)